Со бројните проблеми со повреди минатата недела, македонските одбојкари успеаја да освојат сет против Грција, но загубија со 3:1 во квалификацискиот натпревар за ЕП 2026.
На половина од патот до четврти континентален собир, Македонија има половичен биланс и реални шанси да се најде меѓу 24-те најдобри европски селекции.
Капитенот Никола Ѓорѓиев оценува дека во овој период не можевме повеќе.
„Сакам да се заблагодарам на сите навивачи кои ни пружија вечерва поддршка тука, беше феноменално да се игра во ваква атмосфера. Многу ми е жал што не успеавме да ги израдуваме. Би кажал дека оваа атмосфера беше подобра од онаа на Европското првенство кое го игравме лани.
Навистина ми е криво што не успеавме да ги израдуваме. Репрезентацијата на Грција во овој момент беше подобра од нас. Не е алиби, но имавме тешка недела Савовски боледува од бронхопневмонија, Либидовски има повреден зглоб, Манџуков заработи повреда на грбот…Одигравме машки, дадовме се од себе, меѓутоа максимумот во овој момент беше тој“, изјави Ѓорѓиев.




