Отворено меѓународно, државно првенство во триатлон “3Дисциплини” 12 години на разни локации по брегот на езерото низ Општина Струга.Веќе втора година по ред пред Евро хотел, Бич бар Русо.
Во недела со почеток од 9:00 со старт на категориите елите, мастерс, јуниори и кадети започнува овогодинешното меѓународно триатлон првенство кое вооедно се бодува и за државниот шампионат во триатлон на Македонија.
Со бројка од над 120 пријавени од 9 земји и оваа година ќе покажене дека сме одлични домакини и организатори.За таа цел ги информораме жителите на Струга, туристите и сите останати кои ќе бидат дел од публиката, волонтерите, дека патниот правец од Кружниот кај Евро хотел до кружното пред Фон или Солферино, ќе биде затворен за сообраќај, а исто така и пешачката патека од Евро хотел до Мираж хотел ке биде чиста,не дмее да бидат паркирани возила на пешачката и велосипедска патрка, сите паркирани возила ке бидат одстранети. Забрането е запирање и паркирање на наведените правци.
Благодарение на нашите помагатели, Министерство за спорт,Општина Струга, Бз Груп, Уни Пласт,Јп Комунално, Триатлон федерација на Македонија ,Здраствен дом Струга, Полициска станица Струга, Хотел Империал,Дооел Марко 21,Рибен ресторан Бабино, Рибарница Биг фиш, Бугарска амбасада и организациониот одбор при триатлон клубот 3Дисциплини, и оваа година нашиот традиционален и еден од најдобрите триатлони на Балканов ќе биде повторно одржан.




