Христијан Милошески по три сезони се враќа одново во Бутел, каде настапуваше во сезоните 2019/20 и 2020/21.
Милошески има 25 години (191/83) и доаѓа од тимот на Голден Арт, каде што настапуваше последните две сезони. Кариерата ја започна во Филип Вардар од Прилеп, а беше дел и од тимовите на Прилеп, Вардар Јуниор и Работнички.
Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодески и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев




