Екипата на Кафе Бар “9” продолжува да реди успеси на турнирите во мал фудбал во регионот.

Синоќа тие ја освоија титулата на турнирот во мал фудбал кој се игра Велгошти во Охрид.
Турнирот се игра со играчи до 22 години и помлади, каде фудбалерите на Кафе Бар “9” во квалитетна конкуренција уште еднаш се закитија со нов шампионски пехар.




