Малиот математички генијалец Македон Димитровски, оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал. На Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД тој повторно се закити со злато.
Малиот математички генијалец Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето НОВА, каде доби целосна стипендија за образование.
Оваа математичка олимпијада е основана во 1979-та година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.




