Во духот на фер-плејот, и за задржување на традицијата со нашиот турнир да се отвори новата ракометна сезона известуваме за НОВ ТЕРМИН на одржување на Меѓународниот ракометен турнир „СТРУГА 2024“ – стои на страницата на клубот.
Новиот термин во кој ќе се одржи Меѓународниот ракометен турнир „СТРУГА 2024“ по 52. пат е од од 14 до 17 август 2024 година на Отвореното игралиште во Струга.
Турнирот ќе биде со вкупно 6 екипи, а три домашни екипи веќе прифатија да учествуваат, и нивните имиња ќе бидат наскоро објавени.