Предстојниот викенд, главниот фокус на џудо сцената ќе биде насочен кон меѓународниот натпревар “СТРУГА ОПЕН” 2024 кој ќе се одржи на 09.06.2024 Недела во спортската сала “Билјанини Извори” во Охрид !
На настанот учество ќе земат околу 600 џудисти од цела Европа а најава има за учество на џудисти и од Африка и Азија.
Натпреварот е во организација на Џудо Клуб ДРИМ од Струга а под покровителство на Џудо Федерацијата на Македонија.
Ги покануваме сите љубители на џудо спортот да присуствуваат на настанот и да уживаат во убавините на нашиот спорт, а за оние кој не се во можност да присуствуваат натпреварот можат да го следат во живо преку youtube каналот на ЏФМ
(https://youtube.com/@judofederationofnorthmacedonia?si=9ba6LtWKuX7ZKI7z)




