Ракометарите на Охрид го совладаа Тиквеш во натпревар од 14-то, последно коло од плеј-офот, и го потврдија пласманот во евро куповите.
Во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид – ГРК Тиквеш 29:24, полувреме 16:11.
Охрид првенството го заврши на 4 место на табелата.
Најефикасен на натпреварот против Тиквеш беше стружанецот Ојлески со 8 погодоци.
Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ристевски Б., Ојлески 8, Мацуока 2, Јукиќ 4, Стоилевски 1, Дрогришки 1, Пелидија 1, Ристески Н., Тасески, Шафранко 5, Куковски, Крстевски, Шешиќ 1, Бојаниќ 1, Цирар 5.




