ГРК Охрид го склопува мозаикот за следната натпреварувачка сезона. Стандардните Стефан Дрогришки и Горан Крстевски ја продолжија верноста кон клубот за уште една сезона и ќе го носат дресот на ГРК Охрид до 2025 година.
Охрид прави уште посилен тим за наредната сезона и со најавите за неколку звучни имиња кои треба да пристигнат, веројатно ќе биде силен кандидат за титулата во првенството на Македонија и наредната година.




