Одбојкарките на ОК Работнички стигнаа и до втора победа по ред од 3:0 против екипата на ОК Струмица жени. Со тоа водат со 2:0 резултат во добиени натпревари во финалната серија.
Со ова тие се чекор поблиску кон освојување на 17-тата шампионска титула.




