Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија, денеска славеше против домаќинот Азербејџан со 22:37 во Баку, во претпоследниот квалификациски натпревар и обезбеди пласман на EHF EURO 2024.
Јована Саздовска со 7 гола, Сара Ристовска со 6 и Ана Марија Коларовска со 5 погодоци беа најефикасни во составот на Македонија.
Изјава на Ива Младеновска по пласманот на Европското првенство:
“Овој пласман на Европско првенство значи многу за мене, сметам дека е голем успех бидејќи после толку време се пласиравме на едно големо натпреварување преку квалификации и тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Се надевам на добра игра на Европското, имаме време да се подготвиме максимално и да целиме кон добар резултат”.




