Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија, денеска славеше против домаќинот Азербејџан со 22:37 во Баку, во претпоследниот квалификациски натпревар и обезбеди пласман на EHF EURO 2024.
Јована Саздовска со 7 гола, Сара Ристовска со 6 и Ана Марија Коларовска со 5 погодоци беа најефикасни во составот на Македонија.
Јована Кипријановска со свое видување на победата во Баку и пласманот на ЕП 2024:
“Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но и покрај тоа ги освоивме бодовите и успеавме да бидеме фокусирани. Можеби на почетокот имавме проблеми, но успеавме да го контролираме резултатот.
Многу сум среќна за оваа победа бидејќи ни донесе пласман на Европското првенство. Ова е голем успех за нашата земја, за тимот и за мене. Се радувам што и понатаму ќе тренирам со овој тим и ќе имам шанса да придонесам уште многу. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе растеме уште повеќе до стартот на Европското првенство“.