Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија, денеска славеше против домаќинот Азербејџан со 22:37 во Баку, во претпоследниот квалификациски натпревар и обезбеди пласман на EHF EURO 2024.
Јована Саздовска со 7 гола, Сара Ристовска со 6 и Ана Марија Коларовска со 5 погодоци беа најефикасни во составот на Македонија.
Симона Маџовска со први импресии по победата над Азербејџан и пласманот на Европското првенство 2024:
“Сите бевме свесни и знаевме колку е важен овој натпревар за сите нас. Отворивме според договореното, па следеше мал пад, но брзо го надминавме. Шанса и поддршка добија сите девојки. Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации. Во недела нѐ чека уште еден натпревар кадешто сакаме со победа да го завршиме циклусот и да си го потврдиме пласманот на европското првенство”.




