Големата македонска скијачка надеж, Јана Атанасовска (17), на слаломската трка во австрискиот ски центар Веинебене го освои фантастичното 2-ро место со задоцнување од само 0,71 секунда зад првопласираната.
Во исклучително силна конкуренција, младата скијачка успеа да забележи 37.29 ФИС точки и постави нов рекорд во македонското женско скијање. Со овој резултат Атанасовска обезбеди норма за настап на Светскиот Куп сезона 2024/25.
Честитки до Јана и нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве за постигнатите успеси!




