Прекрасната водителка на босанско-херцеговската телевизија OBN Нора Шахинпашиќ го привлекува вниманието на гледачите со својата витка линија, а многумина ја споредуваат со позната манекенка Андријана Лима.

Нора Шахинпашиќ (20) повеќе од една година ја води временската прогноза на босанско-херцеговската телевизија ОБН. Младата девојка стана хит на социјалните мрежи поради атрактивниот изглед.
На Тик Ток направија компилација од клипови од нејзиното прогнозирање, а се прегледани повеќе од милион пати. Корисниците на оваа мрежа најмногу пишуваат дека Нора наликува на позната манекенка поради нејзините сини очи и темната коса.

„Босанката Адријана Лима“, „Иса е Адријана Лима“, „Поради неа би ја гледала прогнозата секој ден“, „Колку е жешка и убава“, „Убава водителка“, се само дел од коментарите, а видеата на Нора се споделуваат и од корисниците на Tik Flow од други делови на светот.




