Струга загуби очекувано од вицепрвакот Алкалоид во третото коло од плејофот на Суперлигата.
Тренерот на Струга и селектор на кадетите Наум Танески во текот на целата сезона им дава шанса на млади ракометари да заиграат за сениорскиот тим на Струга.
Десен својата шанса да заигра за сениорскиот тим на Струга ја дочека десното крило Војо Клењоски роден 2010 година. Младиот Клењоски против силниот Алкалоид на теренот беше околу петнаесетина минути и имаше една украдена топка.




