Голема сензација во Кавадарци. Четата на Раде Стојановиќ го надигра Вардар во третото коло од плејофот во Суперлигата.
Во третото коло од плејофот во Суперлигата екипата на Тиквеш со 22:20 славеше победа над Вардар во Кавадарци на задоволство на домашната публика.
Најзаслужен за победата на Тиквеш беше Обина со 7 погодоци, додека Срдановиќ со 5 гола беше најдобар за Вардар.




