Охрид со пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето во Скопје против Бутел 29:30 (полувреме 14:13), во првото коло од плеј-офот во Супер лигата.
Јунак во победата на „Гладијаторите“ беше голманот Бобан Ристевски кој на 8 секунди пред крајот, при резултат 29:30, одбрани пенал на Николов.
Најефикасен во Охрид беше Гоце Ојлески со 7 погодоци, додека кај домашните Николов броеше до 8.




