Србинот Никола Влајковиќ е нов член на фудбалскиот шампион Струга Трим Лум. Природна позиција на Влајковиќ му е десен бек, но може да игра и како стопер.
Влајковиќ во Струга доаѓа од Раднички Ниш, а досега во кариерата има настапувано и за Раднички Крагујевац, Нови Пазар, Раднички Пирот, Јагодина и други српски клубови.




