Најдобриот македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе го претстави новиот автомобил со кој ќе се натпреварува во 2024 година и ќе атакува на нова титула.
Новото возило е „Ферари 488 Челинџ Ево“ (Ferrari 588 Challenge Evo), со осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили.

Иџе мината сезона својата трета титула ја освои со „Хјундаи и30 ТЦР“, а претходните две титули ги освои во 2014 и 2015 година.




