Во чешкиот шампионат Брно на Дејан Кукуловски загуби на домашен терен од Фридек Мистек со 29:31.
Кукуловски одигра уште еден одличен натпревар и со 5 погодоци беше втор стрелец во тимот на Брно.
Плзен сега има 26 бода на првото место, Карвина е втора со 25, додека Брно е трет со 22 бода, а следните натпревари ќе ги играат на 16/17 декември.




