Македонскиот интернационалец Виктор Гигов е како виното колку поискусен толку подобар. Вчера со 40% одбранети удари донесе победа и пласман понатаму во Купот за ПАОК на гостувањето против Зафиракис со 17:23.
Претходниот викенд исто така бранеше фантастично и против силниот Олимпијакос, кој за жал неговиот тим го загубил со 26:23.




