Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер на стартот во СЕХА лигата загуби убедливо од Војводина со 29:24.
Ненад Костески со 7 голови, 2 изнудени пенали и 2 украдени топки беше најдобриот поединец на теренот и сосема заслужено СЕХА го избра за Играч на натпреварот. Одличен беше и голманот Марко Кизиќ кој во вториот дел собра 7 одбрани помеѓу кои и еден седмерец.




