
Марко Одермат освои нови сто поени, откако оствари две победи на двата супервелеслаломи во Кортина д’Ампецо, Италија.
Воедно, Швајцарецот го зголеми своето водство во поредокот на оваа дисциплина на 148 поени на две трки до крајот во однос на Александер Омодт Килде, кој денес, поради грешка, не ја заврши трката.
На патеката ,,Олимпија деле Тофане”, Одермат постави време од 1:25,13 минути, доволно за неговата осма овосезонска победа.
На второто место, за првпат после 5 март 2022, се пласираше Доминик Парис (+0,76), додека третопласиран беше Даниел Хеметсбергер (+1,03).
За само две стотинки, без пиедестал остана Андреас Сандер (+1,05), а после до него беа Винсент Крихмајер (+1,09) и Алексис Пантуро (+1,10).




