
Првото овосезонско натпреварување во ски летови се одржа во австрискиот Тауплитц на леталницата ,,Кулм”.
После двете серии, на првото место заврши Халвор Егнер Гранеруд, кој дојде до триумф со летовите од 238 и од 231 метар.
На овој начин, Норвежанецот ја презеде и лидерската позиција во генералниот поредок од Давид Кубацки, кој денес заврши како десетти.
Втората позиција му припадна на Штефан Крафт, а до првиот подиум после речиси четири години, дојде Словенецот Домен Превц.
Пласманот во првите пет го пополнија Пјотр Жила и Јан Херл, а шестопласираниот Тими Зајц го имаше најдолгото издание од 243 метри во втората серија.
Позади Зајц заврши неговиот сонародник Жига Јелар, позади кој следуваше германското дуо – Маркус Ајзенбихлер и Андреас Велингер.




