
По петти пат на последните шест средби, Адмирал Владивосток го совлада Сибир Новосибирск и ја прекина својата негативна серија од пет порази.
Имено, во првиот денешен натпревар од КХЛ, Адмирал беше подобар од својот ривал со 5-4 после продолжение.
На мечот и двете екипи имаа по две водства, но домаќините славеа со третата предност, добиена после две дополнителни минути.
За победничкиот состав, во листата на стрелците двапати влегоа Николај Чебикин и Данил Фаизулин, а еднаш погоди Валери Орехов.
На спротивната страна, успешно реализираа четири различни хокеари, односно Никита Коротков, Вјачеслав Основин, Тејлор Бек и Александер Шаров.
И покрај поразот, Сибир остана на првото место на Источната конференција, додека Адмирал се наоѓа на седмата позиција.




