
Во дербито на денот во НХЛ, Њу Џерси Девилс ги надиграа Далас Старс со 2-3 после продолжение.
Во првата третина, Старс поведоа со 2-0, благодарение на Тај Деландреа и на Роопе Хинтц.
Сепак, еден период подоцна, гостите израмнија, а после дваесет секунди од дополнителниот дел им го нанесоа и третиот врзан пораз на ,,Ѕвездите”.
Двоен голгетер за Девилс беше Џек Хјус, а еднаш реализираше и Мајлс Вуд.
Во Западната конференција, Далас остана на првата позиција, додека Њу Џерси е третопласиран на Истокот.




