
Во првиот натпревар од дваесеттото коло на италијанската Серија А, Болоња дојде до вториот триумф во календарската 2023 година.
Имено, ,,Црвено-сините”, на домашниот ,,Ренато Дал’Ара”, дојдоа до триумф од 2-0, нанесувајќи и’ го третиот врзан пораз на Специја.
Херои за победничкиот состав беа Штефан Пош (37′) и Рикардо Орсолини (77′), кои погодија по еднаш за значајни три бода.
Со новите поени, Болоња го зазеде деветтото место на табелата, оставајќи ја Специја на шеснаесеттата позиција.




