
Автомобилист Екатеринбург ја пропушти шансата да се искачи на врвот на Истокот, откако загуби со 1-2 од Нефтехимик Нижнекамск.
Домаќините, провизорно, беа првопласирани на табелата, поради голот на Алексеј Макејев во првата третина.
Сепак, со по еден гол во наредните два периоди, благодарение на Јегор Попов и на Андреј Белозјоров, гостите дојдоа до посакуваниот плен.
На табелата на Источната конференција, Автомобилист падна на третото место, додека Нефтехимик ја држи деветтата позиција.




