Сара Ристовска и ЦСКА Москва, продолжија со победите во шампионатот на Русија.
ЦСКА Москва славеше убедлива победа против некогашниот руски шампион Динамо Синара, со резултат 32:25 ( полувреме 16:11), а токму нашата репрезентативка беше избрана за МВП на натпреварот.
Сара Ристовска на овој натпревар беше најефикасна и постигна 7 голови од 7 обиди и сосема заслужено ја доби наградата МВП.




