Екипата на Болцано го презеде првото место на табелата на хокеарската ИЦЕ Лига со вчерашната победа од 3-0 над Грац 99ерс.
За гостите од Австрија, ова беше трет пораз во низа, кој ги остави на деветтата позиција, која засега ги води во осминафиналето.
На мечот, домаќините постигнаа два гола во втората третина преку Дастин Гезли и преку Мет Фратин, а во третиот дел, за поставување на конечниот резултат реализираше Кристијан Томас.
Голманот на ,,Лисиците”, Андреас Бернард, ги одбрани сите 24 противнички удари и го запиша третиот шут-аут во сезоната.