
На стартот на календарската 2023 година, екипата на Нешвил Предаторс поврза четири последователни победи.
Синоќа, ,,Предаторите” триумфираа на канадско тло против Отава Сенаторс со резултат од 0-3.
Во првата третина, во листата на стрелците се запишаа Роман Јоси и Џереми Лозон, а во третиот дел, уште еден гол додаде Филип Форсберг.
Голманот на победничкиот тим, Јуусе Сарос, го запиша првиот шут-аут во сезоната, откако беше маестрален со 38/38 одбрани.
Во Западната конференција, Нешвил е деветти, додека Отава се наоѓа на тринаесеттото место на Истокот.




