
По десетти пат на последните единаесет меѓусебни пресметки во Череповец, Авангард Омск запиша триумф над Северстаљ.
Во рамките на денешната КХЛ програма, ,,Јастребите” беа подобри од домашниот состав со резултат од 1-2.
После седум минути, Северстаљ имаше почетна предност, откако прецизно стрелаше Игор Гераскин.
Сепак, во втората третина, пресврт за гостите направија Корбан Најт и Арсени Грицјук.
Во Западната конференција, Череповец остана на деветтото место, додека Авангард е шести на Истокот.




