
Во првиот меч од седумнаесеттото коло на англиската Лиг 2, Нортемптон ремизираше со Њупорт со 1-1.
По доаѓањето на новиот тренер, Греам Кохлан, се чинеше дека клубот од Велс го реши проблемот со губењето бодови, но сепак тоа беше случај и денес.
Имено, за Њупорт сè тргна во посакуван правец, кога Омар Богл (2′) погоди по седми пат сезонава за почетно водство од 0-1.
До крајот, Велшаните ја држеа контролата во свои раце, но сепак изгубија два драгоцени бода во судиското продолжение.
Во третата минута од дополнителниот дел, за домашниот состав реализираше Сем Хоскинс (90+3′), кој го израмни резултатот и остана на првото место на листата на стрелците со тринаесет погодоци.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Нортемптон го зазема третото, а Њупорт – осумнаесеттото место.




