
Во првиот меч од тринаесеттото коло на хокеарската ИЦЕ Лига, Салцбург го совлада новајлијата Азијаго со 3-1.
На мечот, австриските претставници имаа потполна доминација, која јасно доаѓа до израз со билансот на шутеви (32-16).
Сепак, после две третини, италијанскиот тим имаше активен резултат од 1-1, откако за него погоди третиот поентер во лигата – Ентони Салинитри.
Од друга страна, за клубот на Ред Бул стрелаа Тим Харниш во првата, односно Тајлер Луингтон и Петер Шнајдер во третата третина.
На табелата, Салцбург го држи второто место, додека Азијаго остана на последната позиција.




