
Минатата сезона, екипата на МК Донс играше во плејофот на Лиг 1 и за малку остана без промоција во Чемпионшип.
Сепак, во новото првенство, претставниците на Милтон Кинс влегоа на очаен начин и после петнаесет кола го држеа последното место.
Сепак, во шеснаесеттата рунда, со триумфот од 0-2 над Чарлтон Атлетик, Донс избија на дваесет и првото место, но останаа во ,,црвената” зона.
На мечот, пресвртна точка беше вториот жолт картон на Рајан Инис (65′), после кој, гостите дојдоа до два погодока преку Вил Григ (п. 66′) и преку Бредли Џонсон (78′).
За клубот од Лондон, ова беше прв лигашки пораз после пет кола за заземање на осмото место.




