
Во рамките на денешната програма од финската Лиига, Карпат го порази Илвес со 3-0.
За домашниот состав, ова беше трета победа на последните четири средби, додека Илвес го запиша петтиот последователен пораз.
На мечот, Јоонас Кемпаинен го постигна првиот гол во првата третина, а во вториот период стрелаа уште Марко Антила и Петер Тиивола.
Мрежата на домаќините ја бранеше младиот Лееви Мерилаинен, кој дојде до вториот шут-аут на последните три меча со 22/22 одбрани.
Со новите три бода, Карпат скокна на второто место на табелата, додека Илвес ја зазема шестата позиција.




