
Седумнаесеттото коло од англискиот Чемпионшип беше отворено со дербито на западен Ленкашир помеѓу Блекпул и Престон.
На нивниот 96. меѓусебен дуел, Блекпул дојде до 31. победа, откако триумфираше со 4-2.
После првото полувреме, резултатот гласеше 1-1, но во вториот дел, домаќините имаа четири удари во рамките на голот од кои дури три завршија во мрежата на Фредерик Вудман.
Двоен стрелец за ,,Мандарините” беше Џери Јејтс (30′, 81′), а од неговите соиграчи, по еднаш реализираа Чарли Патино (68′) и Си Џеј Хамилтон (90+5′).
На спротивната страна, од пенал прецизен беше Бенџамин Вајтмен (38′), а во финишот, автогол си заби Калум Коноли (89′).
На табелата, Престон остана на единаесеттата позиција, додека Блекпул се издигна на осумнаесеттото место.




