
Сибир Новосибирск денес славеше со 4-3 после пенали над Витјаз Подолск, нанесувајќи му го петтиот пораз во низа.
На мечот, домаќините стекнаа водство од 3-0 во првата половина, но сепак им дозволија на своите ривали да дојдат до резултатски егал.
За Сибир, во регуларниот дел стрелаа Тимур Ахијанов, Тејлор Бек и Никита Сетдиков, а за Витјаз – Џереми Рој, Јегор Воронков и Александер Јаремчук.
Во пенал-рулетот, претставниците на Истокот дојдоа до триумф после неверојатни девет серии и на двете страни.
Успешни изведувачи за победничкиот состав беа горенаведениот Бек и Александер Шаров, а за ,,Витезите” погоди само Даниел Буцајев.
Во Западната конференција, Витјаз падна на седмото место, додека Сибир скокна на четвртата позиција на Истокот.




