
Репрезентацијата на Австралија обезбеди пласман во четвртфиналето на СП во рагби лиг, откако запиша две победи во првите две кола од групната фаза.
Во втората рунда, претставниците на најмалиот континент ја остварија втората најубедлива победа во историјата на СП, совладувајќи ја Шкотска со 84-0.
Победниците постигнаа четириесет поени во првото, односно четириесет и четири поени во второто полувреме за да дојдат до конечниот резултат.
Играч на натпреварот беше дебитантот Нејтан Клери (27′), а освен него, есеи постигнаа уште Џош Адо-Кар (5′, 31′, 48′, 78′), Џек Вајтон (10′, 34′), Ангус Крајхтон (14′), Кемпбел Греам (20′, 58′, 73′), Џејмс Тедеско (40′), Бен Хант (43′), Мет Бартон (65′) и Ајзеа Јео (76′).
За Шкотска, овој пораз значеше и крај на оваа авантура, која ќе биде во потполност завршена во третото коло против Фиџи.




