
Во првиот меч од денешната КХЛ програма, Спартак Москва го доби Адмирал Владивосток после пенали со резултат од 1-2.
Денес, по третпат во низа, клубот од последната станица на транссибирската железница одигра натпревар што беше решен со пенал-серија.
На мечот, двата регуларни погодоци паднаа во третата третина, откако Фил Вароун погоди за гостите, а Михал Кристоф за домаќините.
Во пенал-рулетот, Андреј Локтионов, Александер Хохлачев и Максим Циплаков беа прецизни за триумф на Спартак, додека за Адмирал реализираа ,,само” Николајс Јелисејевс и Александер Горшков.
Во Западната конференција, тимот од Москва изби на шестото место, а Адмирал ја зазема седмата позиција на Истокот.



