
Аризона Кардиналс дојдоа до првата домашна победа над Њу Орлеанс Сеинтс после 2015, откако во седмото коло триумфираа со 42-34.
Клучната разлика, домаќините ја стекнаа во завршните три минути од првото полувреме, кога, на ,,крилјата” на одбраната направија серија од 22-0.
Квотербекот на Њу Орлеанс, Енди Далтон, уфрли три пресечени додавања, кои во потполно го анулираа неговиот солиден учинок од 361 јард од 30/47 прецизни обиди и четири тачдауни.
Од неговите соиграчи, топката во противничката енд-зона ја внесоа Рашид Шахид, Тајсом Хил и Џуван Џонсон (х2).
Од домашните редови, квотербекот Кајлер Мареј имаше 204 јарди од 20/29 прецизни додавања и еден уфрлен тачдаун кон Грег Дорч.
Со трчање, по шест поени донесоа Кеинтеј Инграм и Ено Бенџамин, а од одбраната, тачдауни имаа Марко Вилсон и Ајзеа Симонс.
Во Националната конференција, Аризона (3-4) изби на единаесеттата позиција, додека Њу Орлеанс (2-5) го држи четиринаесеттото место.




