
На четири од последните пет меѓусебни натпревари, Њу Џерси Девилс успеаја да триумфираат над Анахајм Дакс.
Синоќа, на домашен терен, Девилс ги совладаа ,,Патките” со резултат од 4-2 за првата овосезонска победа.
После втората третина, претставниците на Калифорнија водеа со 0-2 со головите на Јакоб Силфверберг.
Сепак, во вториот дел, Ондреј Палат и Нико Хишир израмнија на 2-2, а конечниот пресврт го комплетираа Даги Хамилтон и Досон Мерсер во третиот период.
Во Западната конференција, Анахајм остана на тринаесеттото место, додека Њу Џерси е четиринаесетти на Истокот.




