
Во првиот полуфинален натпревар од тековната МЛБ сезона, Филаделфија Филис ги совладаа Сан Диего Падрес со 0-2.
На мечот, претставниците на Пенсилванија постигнаа по еден поен во четвртиот и во шестиот ининг.
Во листата на поентерите за победничкиот состав се запишаа Брајс Харпер и Кајл Шварбер со по еден хоум-ран.
Важна алка во триумфот на гостите беше и стартниот фрлач Зек Вилер, кој освои осум страјк-аути.




