
Во третиот меѓусебен натпревар во 21. век, Волос го совлада Левадијакос со 2’1.
Во рамките на осмото коло од грчката Супер лига, Волос го запиша четвртиот триумф во низа, кој го искачи на второто место на табелата.
Од друга страна, Левадијакос загуби по петти пат сезонава и со три освоени поени остана на претпоследната позиција.
На мечот, гостите први стигнаа до водство со голот на Тиери Мутињо (53′).
Сепак, петнаесет минути подоцна, домаќините веќе го комплетираа пресвртот, благодарение на Тасос Цоканис (62′) и на Милош Делетиќ (67′).




