
Флорида Пантерс заминаа од сојузната држава Њујорк со две победи, триумфално влегувајќи во новата НХЛ сезона.
Во вториот натпревар, ,,Пантерите” ги поразија Бафало Сабрес на гостински терен со 3-4.
Сите голови на мечот паднаа во првите две третини при што и двете екипи ја почувствуваа предноста на своја страна.
За Флорида, во листата на стрелците се запишаа четири различни хокеари, односно Колин Вајт, Метју Ткачак, Арон Екблад и Брендон Монтур.
На спротивната страна, голгетери беа Алекс Так, Земгус Гиргенсонс и Расмус Далин.
На табелата на Источната конференција, Флорида го дели првото место со Каролина Хурикејнс, а Бафало падна на седмата позиција.




