
Иако успешно ја помина групната фаза од Лигата на шампиони, екипата на Јукурит доживеа ,,ладен туш” на враќањето во Финска.
Во рамките на саботната програма од Лиига, клубот од Микели беше поразен со 1-0 од страна на Асат.
Домаќините важеа за благи аутсајдери, но одиграа подобар натпревар и славеа со голот на Јами Виртанен во втората третина.
Освен стрелецот, важна алка беше и голманот Никлас Рубин, кој дојде до третиот овосезонски шут-аут со 20/20 одбранети шутеви.
На табелата, Асат изби на десеттото место, спуштајќи го денешниот ривал на претпоследната позиција.




