
За првпат после еден месец, екипата на Ротерам Јунајтед успеа да запише победа во англискиот Чемпионшип.
Популарните ,,Милерс”, во рамките на петнаесеттото коло, го совладаа Хадерсфилд со 2-1 во дербито на Јоркшир.
Во првото полувреме, Ротерам поведе со голот на Конор Вашингтон (25′), а само четири минути подоцна, Дени Ворд (29′) израмни на 1-1.
Конечниот резултат беше поставен после еден час игра, откако мрежата на Ли Николс ја затресе Џорџи Кели (61′), три минути откако влезе во игра.
На табелата, Ротерам скокна на единаесеттото место, а Хадерсфилд остана во ,,црвената” зона на дваесет и третата позиција.




