
Иако некои екипи веќе имаа одиграно три дуели од новата НХЛ сезона, Винипег Џетс дури синоќа дебитираа во новата кампања.
Имено, Џетс ги совладаа Њујорк Ренџерс со 4-1 и на тој начин дојдоа до првата меѓусебна победа после 2019.
Заклучно со почетокот на третата третина, резултатот гласеше 1-1, но во последните пет минути, домаќините уште трипати ја затресоа мрежата на Јарослав Халак.
За Ренџерс, единствен стрелец беше Драјден Хант, додека за канадскиот тим реализираа Марк Шајфеле (х2), Сем Гање и Кајл Конор.
Заслужен за триумфот на Винипег беше и голманот Конор Хелебајк со 40/41 одбранети шутеви (97,56%).




