Македонија во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 година славеше убедливо против аутсајдерот Луксембург со 38:24.
Најефикасни во нашата репрезентација беа Цветан Кузманоски, Филип Кузманоски и Мартин Серафимов со по 5 голови. На голот одлични беа Митревски со 7 и Кизиќ со 6 одбрани.




